Роналдо премина 1 милијарда следбеници на социјалните мрежи: Начинот на кој го направи го направи тоа ќе ве остави во чудо

Кристијано Роналдо не само што пишува рекорди на теренот каде неодамна стигна до бројката од 901 гол во кариерата, туку тоа го прави и во онлајн сферата. Така славниот фудбалер ја помина границата од една милијарда следбеници на социјалните мрежи.

Тој го постигна неверојатниот подвиг само неколку недели откако отвори канал на Јутјуб и надмина 50 милиони претплатници за една недела (сега има над 60), зголемувајќи го огромниот број на други платформи. Легендарниот број седум успеа да го направи тоа во периодот од 21 август до 12 септември.


Роналдо има 639 милиони следбеници на Инстаграм, 170 милиони на Фејсбук и 113 милиони на Х, а бројката до милијарда ја пополнуваат следбениците на кинеските платформи.

Кристијано испрати моќна порака до своите фанови по повод оваа бројка.

– Напишавме историја – 1 МИЛИЈАРДА следбеници! Ова не е само бројка – тоа е доказ за нашата заедничка страст, посветеност и љубов кон играта и многу повеќе.

Од улиците на Мадеира до најголемите сцени на светот, секогаш сум играл за моето семејство и за вас, а сега 1 милијарда од нас стоиме заедно.

Бевте со мене на секој чекор од патот, низ сите подеми и падови. Ова патување е наше патување и заедно покажавме дека нема граници за она што можеме да го постигнеме.

Ви благодарам што верувавте во мене, за вашата поддршка и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва доаѓа, а ние ќе продолжиме да ги поместуваме границите, да победуваме и заедно да пишуваме историја – напиша Роналдо.