Прославениот португалски фудбалер Кристијано Роналдо се посрамоти на натпреварот против Ал Тавун.
Богатиот тим на Ал Наср, во кој настапуваат ѕвезди како Кристијано Роналдо и Садио Мане, доживеа очаен почеток на новата сезона. По поразот на стартот од првенството, Ал Наср доживеа неуспех и во второто коло.
Еден од најголемите фаворити за титулата беше поразен од Ал Тавун со резултат 2:0.
Роналдо и неговите соиграчи беа целосно немоќни против тимот кој брилијантно го предводеше поранешниот ас на Партизан, Леандро Тавамба.
Тавамба им донесе предност на гостите Ал Тавун во 20. минута од натпреварот. Роналдо имаше шанса да израмни по одличната акција на неговиот тим, но Португалецот успеа да ја промрши најдобрата шанса на натпреварот. Тој излезе очи во очи со противничкиот голман, но наместо да упати удар, реши да го заобиколи голманот и тоа изгледаше прилично комично.
Се сплетка, ја загуби топката и брзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
Навивачите не можеа да поверуваат што направил еден од најдобрите играчи на сите времиња. Веднаш почнаа коментарите дека е очигледно дека тој повеќе не е добар како порано и дека е време да се пензионира.
Погледнете ја бламажата на Роналдо:
Ал Наср постојано напаѓаше, но не успеа да дојде до израмнување, а во самиот финиш на мечот Ал Тавун постигна нов гол за потврда на триумфот против фаворизираниот ривал.