Рон Де Сантис ја потврди кандидатурата за претседател на Америка, ќе му биде најголемиот конкурент на Трамп

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, потврди дека се кандидира за претседател на САД на изборите во 2024 година.

ДеСантис (44) се смета за главен ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп во трката за претседателска номинација на Републиканската партија.

Неговата кандидатура се очекуваше долго време, а сега и официјално се пријави до Сојузната изборна комисија.

ДеСантис се очекува да го има своето прво појавување како кандидат во интервју со Илон Маск.