Рот: Уставните промени можеби се болни, но се неопходни

Собранието и Владата мора да направат се што можат за да ја вратат Македонија на европскиот пат.

Ова е пораката што денеска ја испрати претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот и поранешен германски државен министер за Европа, Михаел Рот, пренесува Телеграф Македонија.

Рот вели дека враќањето на вистинскиот пат значи дека уставните промени може да бидат болни, но во крајна линија неопходни.

Пред почетокот на конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“, Рот рече дека е потребна поголема амбиција за преговори за членство.

„Сакам да ги мотивирам моите колеги овде дека вреди повеќе да се ангажираат во борбата против корупцијата, за независноста на судството, за зајакнување на владеењето на правото и демократската култура во оваа земја. Но, неопходните реформи не се само одговорност на Владата, туку и на пратениците“, рече Рот.

Запрашан од новинарите за промените во кривичниот законик, Рот рече дека сега не е време за меѓусебна уцена.