По завршувањето на кариерата, Роџер Федерер продолжува да инвестира во својата иднина. Една од неговите главни инвестиции секако е компанијата „Он“, за која проценките се за огромен раст на заработката и акциите, па дури и рекордна продажба во 2025 година.
Последните извештаи сугерираат дека „Он“, компанија која првенствено произведува и продава спортски чевли, ќе достигне нови височини. Во 2024 година, тој порасна за речиси 30 отсто од сегашната вредност од 2,6 милијарди долари.
Швајцарската продавница за спортска опрема оствари приход од огромни 679 милиони долари во последниот квартал.
– Пресреќни сме поради сè што успеавме да направиме. Неверојатни 2,3 милијарди франци продажба. Продолжуваме со ова забрзување и моментум, сè е можно кога работиме како тим – изјави извршниот директор на оваа компанија, Мартин Хофман.
Експертите предвидуваат дека во 2025 година ќе се случи уште еден огромен скок од 27 отсто и ќе достигне 3,3 милијарди долари. Брендот доживува голем подем и популарност, а се базира и на тенисот, каде и денес има свои претставници на теренот.
Тие се главни спонзори на Ига Швонтек, Бен Шелтон, Жоао Фонсека и многу други важни играчи во белиот спорт.
Оваа приказна настана кога Оливие Бернард, Каспар Копети и Дејвид Алеман се здружија, а Федерер беше запознаен со брендот откако ја виде облеката на неговата сопруга Мирка.
После тоа решил да се сретне со тројцата основачи и да им каже дека е подготвен за соработка.
– Беше многу забавно да се запознаваме, па сите тие прашања за тоа како, каде, каков е планот, кој си ти, како се запознавте, сето тоа е интересно да се слушне – изјави Федерер за Форбс пред четири години на прашањето за работата.
Неговиот пријател и агент Тони Годшик бил вклучен во сè, а кога се вклучила и Мирка разговорот прераснал во распит. Во 2019 година, инвестицијата излезе на берзата и „Он – On“ стана глобален бренд кој додаде едно од најголемите спортски имиња во историјата во својот тим.