Ружин: Нема можност за откажување на договорот со Бугарија

Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, вели дека е пожелно Бугарите да бидат вклучени во македонскиот Устав.

Ружин вели дека нема можност за откажување на договорот со Бугарија.

„Нема начин да се откаже таков мултилатерален договор, едноставно се работи за нивниот имиџ, инаку веројатно би сакале. Би било пожелно да се вклучат не само Бугарите, туку сите“, вели Ружин, додавајќи дека дури и ако Бугарија каже дека се согласува, сепак ќе биде тешко тоа да се случи.

Тој истакна дека односите на Западен Балкан не се најдобри.

Ружин вели дека Белград и Приштина не комуницираат, додека Албанија е заладена од „Отворениот Балкан“.

„Има поделеност меѓу лидерите, нема кој да иницира, еве идеја, од наша страна може да дојде, средба на неколку тимови околу која би се разговарало за геополитичката, геостратешката и геоекономската положба на Западен Балкан“, вели Ружин.