Како дел од перформансот „Итна потрага“ одржан во една белградска галерија, руската уметничка Ну го сподели своето искуство и предизвиците со кои се соочува во современото општество. Необичен шмек додава фактот што ја покани публиката да учествува во нејзината потрага по партнер.
Ну, која има 32 години, во описот на сликите што ги објави од својот настап опишала дека нејзиниот животен избор никогаш не бил партнер или семејство, туку дека ја разбира важноста на бракот како институција кога следеле тешки животни околности.
– Јас се викам Ну, имам 32 години и барам сопруг – започна таа и додаде:
– Јас сум феминистка, отсекогаш сум била против патријархалниот став дека жената мора да се мажи и да има семејство. Не ми се допаѓа форматот на нуклеарно семејство, долго време практикував полиаморија, имав повеќе од 100 сексуални партнери. Но сега сфатив дека сето тоа не ми одговара.
Ну истакна дека поради предизвиците на емиграцијата, нестабилноста и стравот за иднината и е потребна сигурност и поддршка.
– Во емиграција, во нестабилност и страв за себе и за својата иднина сакаш да најдеш нешто или некој на кој ќе можеш да се потпреш – рече таа.