Маж, кој паднал од 19-ти кат на зграда во Воронеж, во југозападниот дел на Русија, го преживеал падот.
Паднал на паркиран автомобил, пишува Известия.
Мештаните на социјалните мрежи пишуваат дека мажот бил во алкохолизирана состојба и дека паднал од висина од 60-ина метри на теренец Nissan.
Спасувачите го извлекле мажот од оштетениот автомобил, а потоа лекарите му укажале помош.
По падот, тој со помош на случајни минувачи и пожарникари станал и почнал да ја пее песната: „Љубовта е како сон“.
Според очевидци, после тоа, тој се оддалечил од местото на несреќата.
Набргу беше објавено дека неименуваниот маж сам отишол во итната медицинска помош, каде што му биле констатирани повреди на главата и ‘рбетот, објавија руските портали.