Русин преживеа пад од 19 кат од зграда откако слета на паркиран автомобил .
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како спасувачите во градот Воронеж му помагаат на жртвата, кој очигледно бил пијана. Некои извештаи тврдат дека човекот можеби самиот скокнал а не паднал.
Локалните медиуми јавија дека мажот има 41 година. Според очевидци, тој бил виден како неразбирливо вика од балконот на стан од 19. спрат, пред да падне и да слета на паркиран Nissan X-Trail, пишува Раша тудеј (RT).
Не се знае дали бил станар на станбениот комплекс каде се случил инцидентот.
На видеото се гледа како маж оди до амбулантно возило со помош на медицински лица. Според извори од Итната помош, тој во тешка состојба е пренесен во болница со повреди на главата и кичмата.
Некои извештаи тврдат дека тој продолжил да пее на пат до болницата.