Денис Прокопенко, командант на групата Азов, кој беше ослободен од руско заробеништво, во блиска иднина ќе се врати на должност односно на фронтот.
Ова е за весникот Ukrainian Pravda го потврдил командантот на Националната гарда, Олександр Пивненко.
Одговарајќи на прашања на новинарите за можна забрана за регрутирање на офицери од Азов, вклучувајќи го и нивниот командант Денис Прокопенко, командантот објаснил дека тоа не е точно.
„Денис Прокопенко, тој има позиција. Тие го бранеа Мариупол, а некои од нив имаа задачи не како дел од бригада, туку како дел од баталјон на тактичка група. Тие се подготвуваат и ќе си ги извршуваат задачите, како и сите други“, рекол Олександр Пивненко.
Според Олександр Пивненко, Денис Прокопенко најверојатно ќе се врати на должност за еден месец, а тоа ќе зависи од ситуацијата на фронтот.