Киев синоќа беше цел на напад со руски беспилотни летала, а властите во главниот град на Украина објавија дека се слушнале експлозии поради операциите на воздушната одбрана (АТО).
„Киев пост“ објави дека тревогата за воздушен напад била прогласена двапати.
Првиот пат траеше од 1.06 до 3.58 часот, а сирените повторно се слушнаа во периодот од 5 до 6.05 часот утринава.
– ,Hепријателските дронови се во воздушниот простор на Киев. Во акција е противвоздушната одбрана. Ве молиме, останете безбедни“, напиша Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев, на Телеграм.
За време на првото предупредување, украинските воздухопловни сили го предупредија населението дека беспилотните летала се приближуваат до Киев од север и од исток.
– Немаше штети или повредени. Немаше пожар – изјави Кличко, кој подоцна објави дека се искршени прозорци на блиската клиника.
Ткаченко рече дека се оштетени и прозорци на неколку образовни институции и комерцијални објекти.
– За среќа, нападите со беспилотни летала што ги врши терористичка држава се неутрализирани пред да стигнат до целта.
„Сепак, остатоците што паѓаат сè уште претставуваат закана“, напиша Ткаченко.