Најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во напад на руски беспилотни летала врз Харков во североисточна Украина, објави градоначалникот на тој град, Игор Терехов.
Тој на Телеграм изјави дека во Харков се слушнале три експлозии и дека избувнал пожар, пренесува Укринформ.
Терехов истакна дека во нападот биле оштетени една деловна зграда, како и неколку приватни куќи и автомобили.
The mayor of Kharkiv showed a photo of a crater in the Kyivskyi district caused by a Russian ballistic missile strike last night. pic.twitter.com/uOhpdsxzVL
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) June 2, 2025
Руските сили испукаа две балистички ракети кон регионот на Киев во текот на ноќта.
Украински извори тврдат дека нападот врз Харков е одмазда за серијата украински напади со беспилотни летала врз руските воени аеродроми во Мурманск, Иркутск, Иваново, Рјазан и Амур, кои се дом на стратешки воени бомбардери што се користат во нападите врз Украина.
Нападите беа извршени како дел од операцијата со кодно име „Пајажина“, а Безбедносната служба на Украина (SBU) изјави дека се оштетени околу 40 авиони.
Ова го објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој предупреди дека Русија можеби се подготвува за уште еден масовен напад врз Украина по успешната операција „Пајажина“, која беше спроведена вчера на подрачјето од југот на Сибир до Мурманската област на северозапад од Русија, во која стратешките бомбардери беа нападнати од беспилотни летала.
– Дури и пред почетокот на оваа операција, имавме разузнавачки информации за подготовка на уште еден масовен руски удар. И многу е важно сите наши луѓе да не ги игнорираат предупредувањата за воздухот. Синоќа имаше речиси 500 руски дронови, ударни дронови. Секоја недела го зголемуваа бројот на единици по удар. Сега тие подготвија и крстосувачки ракети „Калибр“ од носачи на авиони со поморска база – рече Зеленски во синоќешното редовно обраќање до нацијата.
Зеленски синоќа изјави дека припадниците на СБУ, кои ја подготвувале специјалната операција „Мрежа“ во која четири руски воени аеродроми биле нападнати со беспилотни летала, брзо биле повлечени од руска територија.
Russian Telegram channels report a fire by the Russian airfield in Olenya (from which Russian strategic aviation takes off for strikes on Ukraine.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 1, 2025
Locals reported hearing explosions prior to the fire. pic.twitter.com/mMM3hIZSXx
Во објава на Фејсбук, Зеленски рече дека операцијата била планирана „една година, шест месеци и девет дена“, објави Укринформ.
Тој додаде дека го слушнал извештајот на шефот на СБУ, Василиј Маљук, во врска со оваа специјална операција.
– Апсолутно брилијантен резултат. Независен резултат од Украина. Нашите луѓе кои ја подготвуваа операцијата беа повлечени од руска територија на време – истакна Зеленски.
I’m never going to get tired of posting BURNING RUSSIAN AIRFIELDS 🔥🍿 pic.twitter.com/vU7KVyaAao
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) June 1, 2025
Тој рече дека ѝ наредил на СБУ да ја информира јавноста за деталите и резултатите од операцијата, кои можат да бидат објавени.
– Секако, не можеме сега да кажеме сè, но ова се украински акции кои дефинитивно ќе бидат во книгите по историја. Украина се брани, и сосема со право – правиме сè за Русија да почувствува потреба да ја заврши оваа војна. Русија ја започна оваа војна, Русија мора да ја заврши“, рече Зеленски.
Како што објави Укринформ, УСБ денес спроведе единствена специјална операција наречена „Мрежа“, за време на која беспилотни летала погодија четири руски аеродроми – Белаја, Дјагилев, Олења и Иваново.
Според извештаите, повеќе од 40 руски авиони, вклучувајќи А-50, Ту-95 и Ту-22 М3, биле погодени за време на операцијата.