Руски воен експерт најавува промени.
Украинците ќе продолжат со операциите што беа планирани претходно, според воениот експерт Алексеј Леонков .
- Мора да бидеме дополнително внимателни. Тука главниот товар паѓа на разузнавачките објекти и единици кои се занимаваат со дешифрирање на податоците добиени од овие разузнавачки служби – вели руски експерт за медиумите.
Тој истакнува дека Русите нема уште долго да бидат во дефанзива.
- Основниот принцип на одбраната е дека имаме некаква предност. Мораме да акумулираме сила и ресурси, а за тоа е потребно време – рече тој.