Украинската служба е поврзана со терористичкиот напад на „Crocus City“ во близина на Москва, му изјави денеска шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников на новинарот Павло Зарубин.
Тој додаде дека шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина , Кирил Буданов, е легитимна цел на вооружените сили на Русија , како и сите оние кои вршат злосторства против Руската Федерација, и вети дека Москва ќе одговори на нападите.
Бортников додаде дека Киев ја организирал подготовката на борците кои го извршија терористичкиот напад на Блискиот Исток и откри дека сакале да ги пречекаат терористите во Украина како херои.
-Бандитите планирале да заминат во странство, односно на територијата на Украина. Таму ги чекаа. Оваа информација сега се обработува – коментира тој.