Андриј Јермак, одговорниот на кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, на социјалната мрежа Твитер објави дека руските воени сили истрелале две ракети врз училиште во Авдивка.
Имено, тој на објавата прикачи и фотографии од урнатините и истакна дека во нападот загинал еден жител.
Воената администрација на Херсон, исто така, објави дека руските воени сили нападнале енергетски работници во селото Даривка во областа Херсон. Еден инженер е повреден и пренесен во локална болница.
„За време на гранатирањето на непријателот, експертите извршија итна рехабилитациска работа“, се наведува во соопштението.
Украина повторно ја превзеде контролата врз Херсон во ноември минатата година по речиси осум месеци окупација од страна на руските воени сили кои го презедоа веднаш по почетокот на големата инвазија. Областа сега е речиси постојано под бомбардирање од страна на руските воени сили од спротивната страна на реката Днепар.