Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов (35) се најде во големи неволји откако руските власти се подготвија да му го одземат имотот по обвинувањата за затајување данок.
Како што пренесува каналот „Маш телеграм“, на Нурмагомедов од 5 јуни му е забрането да ја напушта Руската Федерација, а правосудните органи започнале процес за пронаоѓање на неговиот имот заради евентуална конфискација и продажба.
Кабиб е пријавен дека поседува семеен дом во Дагестан и колекција возила, вклучувајќи:
- Ферари Калифорнија Т – 300.000 долари
- Mercedes-Benz AMG GT S – 161.000 долари
- Mercedes-Benz S-Class – 122.000 долари
- BMW Серија 7 – 101.000 долари
- Toyota Land Cruiser – 85.000 долари
- Тојота Такома – 44.000 долари
Малку порано, даночната управа во Русија ги блокираше сметките на организацијата „Игл ФК“, проектот на Хабиб кој набргу пропадна, како и на хуманитарната организација во сопственост на Нурмагомедов.
🚨 Enforcement proceedings have been initiated against Khabib Nurmagomedov for around $900K.
— Championship Rounds (@ChampRDS) July 23, 2024
The case against Khabib was opened on July 5th and since that time he has been prohibited from leaving the Russian Federation. Bailiffs have launched a search procedure for his property… pic.twitter.com/4Ifh7Kpcf1
Причината, како што тврдат од Русија, е даночното затајување за кое е обвинет Хабиб.
Неговиот даночен долг кон државата изнесува околу 3,4 милиони евра, а неофицијални извори велат дека легендарниот борец со овие пари купил хотел и започнал старт-ап бизнис во Турција и Обединетите Арапски Емирати.
Доколку Хабиб биде прогласен за виновен за затајување данок, му се заканува затворска казна до шест години.
Потсетуваме, Нурмагомедов ја заврши кариерата во ММА во октомври 2020 година по победата над Џастин Гетје, што беше негова 29-та во кариерата што ја заврши без пораз.