РУСИТЕ ЈА ПРОМЕНИЈА ТАКТИКАТА ВО ПОСЛЕДНАТА НЕДЕЛА – Украина збунета и изненадена, а експертите откриваат што се случува

Се повеќе и повеќе руски напади удираат длабоко во Украина, а се чини дека истите имаат една цел: Да ја уништат способноста на Киев да лансира ракети со долг дострел што ги добива од западните сојузници, пишува Financial Times.

Во текот на изминатата недела, Русија лансираше десетици ракети во западна Украина, насочени кон воздушни бази, воздушни писти и центри за обука на пилоти кои се наоѓаат на илјадници километри од линијата на фронтот. Украинските власти објавија дека Украина била погодена со 28 крстосувачки ракети само минатиот вторник, од кои 16 биле пресретнати.

Упатените тврдат дека веќе неколку недели трае кампањата за уништување на украинските аеродроми и флотата бомбардери кои се користат за испукување на британските ракети Storm Shadow. Украинскиот метод за избегнување на уништувањето е со поместување на клучните оружја и пилоти, кои постојано се движат меѓу десетици домашни воздушни бази и комерцијални аеродроми.

Не е ни чудо што се обидуваат да ги елиминираат. Тие им создаваат многу главоболки“, коментира Јурис Игнат, портпарол на украинските воздухопловни сили.

Долгиот дострел на западните ракети одигра значајна улога во украинската контраофанзива и скромниот напредок. „Русија нема други методи против моќните западни оружја (ракети) освен да се обиде да ги оневозможи воздушните писти“, смета Валери Кондратиук, поранешен прв човек на украинската воена и контраразузнавачка служба.

Германија и САД се претпазливи во испраќањето на артилерија со долг дострел, бидејќи стравуваат од ескалација на конфликтот, особено затоа што француското и британското оружје се користат за напади на руска територија. На почетокот Украина се снаоѓаше со советскиот арсенал, како што се системот S-300 и други, благодарение на кои Русите не доминираат на небото. Ова е причината зошто Русија истрела ракети од Русија и од полуостровот Крим на територија длабоко во Украина.

Системите за воздушна одбрана што ги користи НАТО веќе се испратени во Украина од западните сојузници. Тие ги вклучуваат американските Patriot, американскиот и норвешкиот NASAMS и германскиот Iris-T. Овие системи помагаат да се заштити небото на Украина. Сепак, Јурис Игнат забележува дека се потребни повеќе системи за заштита на воздушните бази, како и друга воена и цивилна инфраструктура.

Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана, потврди дека Русија ги засилила нападите врз воздушните бази и повторно го повика Западот да му испрати на Киев повеќе системи за против-воздушна одбрана. 

Руските напади се случуваат секојдневно, а Украинците сакаат нова опрема за да ја поттикнат нивната контраофанзива.

војнаРусијаУкраина