Русија достави до Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која бара независна истрага за експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и 2 во септември и откривање на сторителите, објави „Ројтерс“.
Според рускиот заменик претставник во ОН, Дмитриј Полјански, целта е да се гласа за документот во рок од една недела. Тој подоцна појасни дека гласањето ќе се одвива од 22 до 24 февруари.
Шведска и Данска, во чии води се случија експлозиите, ги прогласија експлозиите за намерни, но не кажаа кој би можел да биде одговорен.
САД и НАТО тоа го нарекоа саботажа, а Москва го обвини Западот.
Досега ниту една страна не изнесе конкретни докази.