По синоќешните воздушни напади, дошло до прекин на електричната енергија низ Украина. Националната енергетска компанија „Укренерго“ извести дека се уништени дистрибутивните мрежи во регионите Харков, Суми и Чернихив во Украина и делови од Доњецката Народна Република (ДНР) и Херсонската област под контрола на Киев.
Украинските медиуми доцна синоќа ја информираа јавноста дека во многу украински градови, вклучително и главниот град, одекнуваат експлозии и дека функционираат сирените за воздушни напади, а има експлозии и пожари на брегот, во градот Одеса.
„Во моментов околу 1.000 потрошувачи се без струја во регионот Суми, а околу 1.200 потрошувачи во регионот на Чернихив“, прецизираат од украинската компанија, додавајќи дека штети има и во регионот Херсон и дека во тек се поправки за да се врати струјата на потрошувачите.
Сепак, според компанијата, производството на електрична енергија целосно ја покрива потрошувачката. „Извозот во Молдавија продолжува дење и ноќе, а од денеска продолжува извозот во Полска. Нема увоз во Украина“, додаваат од компанијата.
„Киев синоќа беше подложен на најмасовниот напад од почетокот на војната“, изјавил градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко во интервју за украинска телевизија.
„Руските бомбардери ги нападнаа непријателските упоришта и складишта за муниција, а екипажот на тешки пламенофрлачи ги нападна објектите на вооружените сили на Украина“, рекол тој.