Руското Министерство за одбрана соопшти дека извршило напад врз Харков, откако украинските власти известија за ракетен напад во текот на ноќта.
– Како резултат на високопрецизен ракетен напад на руските воздухопловни сили врз АФУ (Вооружените сили на Украина), беа погодени работилници за склопување оклопни возила во близина на погонот за изработка на машини Малишев во Харков, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.