Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека рускиот став за потребата од долгорочно решение во Украина му го пренел на Мајк Волц, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.
Од она што го кажа, се чини дека Русија не е заинтересирана за прекин на огнот како оној што го договорија Украина и САД.
Претставник на Кремљ зборуваше за ова во интервју за емисијата „60 минути“ на каналот Русија-1.
– Јас, се разбира, ги коментирав постигнатите договори за привремен прекин на огнот и го изразив нашиот став дека тоа не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија, ништо повеќе. Нашата цел е трајно и мирно решение кое ги зема предвид легитимните интереси на нашата страна. Нашите грижи се познати. Мислам дека никому не му требаат вакви чекори, кои само имитираат мировни потези“, рече тој.
Неговата изјава доаѓа откако американските преговарачи пристигнаа во Москва за да разговараат за можното решение на конфликтот.
Ушаков рече дека „има нормална размена на мислења меѓу Русија и САД на мирен начин“ и дека Москва очекува Вашингтон да ја земе предвид нејзината позиција во понатамошните преговори.