– Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало американскиот амбасадор поради „агресивниот курс“ на Вашингтон и ги обвини САД дека го зголемуваат своето учество во конфликтот во Украина.
„Во оваа смисла, на амбасадорот му беше кажано дека сегашниот агресивен курс на САД за продлабочување на конфронтацијата со Русија во сите правци е контрапродуктивен“, се вели во соопштението.
Руското Министерство за надворешни работи додаде дека ги повикало САД да дадат објаснување за експлозиите што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ минатата година.