“РУСИЈА Е ОБВИНЕТА ЗА МНОГУ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА“ – Извештајот од Обединетите нации може да доведе до многу судења

Руските напади врз цивили во Украина, вклучително и систематско мачење и убивање на луѓе од окупираните територии, се воени злосторства, а можеби и злосторства против човештвото, се вели во извештајот за истрагата поддржана од Обединетите нации.

Сеопфатниот извештај за човековите права беше објавен денеска, една година по рускиот воздушен напад врз театарот во Мариупол, во кој загинаа стотици луѓе кои се засолниле таму.

Меѓу потенцијалните злосторства против човештвото во извештајот, се нападите врз клучната инфраструктура во Украина, кои оставија стотици илјади луѓе без греење и електрична енергија во најстудените месеци, како и широко распространета тортура во неколку региони под руска окупација се вклучени во извештајот.

Тројца членови на истражната комисија се независни експерти за човекови права, а работата на комисијата ја финансира Советот за човекови права на ОН.

Авторите на извештајот забележаа „мал број“ прекршувања од страна на украинските војници.

Извештајот може да доведе до судења или во Меѓународниот кривичен суд – тело на ОН, или во судовите на одделни земји кои веќе ја навестија оваа можност.

војнаОбединети нацииРусијаУкраина