“РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ПРЕДИЗВИКА ЕКСПЛОЗИЈА!“ – Володимир Зеленски со застрашувачко предупредување до светот: “Постои сериозна закана за најголемата нуклеарна централа во Европа“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес предупреди дека постои „сериозна закана“ за нуклеарната централа Запорожје и дека, како што тврди, Русија е „технички подготвена“ да предизвика локализирана експлозија во тој објект.

Володимир Зеленски како извор на оваа информација ја наведе украинската разузнавачка служба, објави медиумската агенција Reuters.

Постои сериозна закана бидејќи Русија е технички подготвена да предизвика локална експлозија на станицата што може да доведе до ослободување на радијација“, изјави Володимир Зеленски на прес-конференцијата одржана во Киев со шпанскиот премиер Педро Санчез. Тој не даде други детали.

Украинската воена разузнавачка служба претходно објави дека руските војници детонирале нуклеарна централа.

Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да посвети поголемо внимание на ситуацијата во најголемата европска нуклеарна централа. Тој повика и на воведување санкции против руската државна нуклеарна компанија Росатом.

Потсетуваме, Киев пред неколку дена соопшти дека се подготвува терористички напад врз нуклеарната централа во Запорожје, на што Москва одговори дека Украинците подготвуваат провокации.

војнаВолодимир ЗеленскиЗапорожјеРусијаУкраина