Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за граѓаните на Турција кои настрадаа во земјотресите, јавија руските медиуми.
Авион Ил-76 на Министерството за вонредни ситуации на Русија полета со хуманитарен товар за Турција. По наредба на претседателот и Владата на Руската Федерација, собрани се 36 тони хуманитарна помош за турските граѓани кои настрадаа во разорниот земјотрес, се наведува во соопштението на Министерството.
Хуманитарната помош вклучува над 100 зимски шатори со капацитет за по 30 лица и шпорети. Во наредните часови тие ќе бидат испорачани во Малатија, Источна Турција.