Северна Македонија има намера да и испрати на Украина 12 воени хеликоптери Mi-24 од руско производство, кои Скопје ги набави од Украина во 2001 година за време на воениот конфликт.
Четири хеликоптери беа подложени на модернизација од НАТО. Како што пишува московскиот весник Komersant, нашата земја веќе испратила четири авиони Su-24 и неколку тенкови Т-72 во Украина, кои своевремено ги набавила и од Украина. Владата наскоро треба да расправа за донацијата на хеликоптери.
„Според нашите планови за модернизација, целата опрема што е донирана досега е при крај, таа нема да биде составен дел од нашето вооружување и многу е извесно дека би морале да ја ставиме надвор од употреба или да ја уништиме во краток временски период“, изјави неодамна министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Таа посочи дека вредноста на хеликоптерот е околу 30 милиони евра и дека САД неодамна одобриле околу 140 милиони долари за модернизација и набавка на нова воена опрема за македонската армија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговараше со премиерот Димитар Ковачевски и му се заблагодари за помошта, а од друга страна пак, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека – „одлуката ја смета за голема грешка на македонската влада“.
Но, Скопје порачаа дека – „Северна Македонија е суверена земја која може самостојно да носи одлуки“.