„Нашата соработка веќе ни овозможи да решиме голем број прашања поврзани со обединувањето на семејствата, идентификацијата на исчезнатите лица од секоја страна, помошта во размената на затвореници…“
Рускиот омбудсман Татјана Москалкова на денешната видеоконференција со нејзиниот украински колега Дмитро Лубинец разговарале за размена на воени затвореници. Двајцата правобранители се договориле да разменат списоци на тешко ранети воени затвореници кои треба да бидат репатрирани.
„Нашата соработка веќе ни овозможи да решиме голем број прашања поврзани со обединувањето на семејствата, идентификацијата на исчезнатите лица од секоја страна, помошта во размената на затвореници и враќањето дома на притворените цивили“, истакна Москалкова преку Телеграм.
„Освен изготвување списоци на тешко повредени лица, кои се предмет на репатријација, омбудсманите се согласија да обезбедат помош на надлежните органи за враќање на граѓаните кои се предмет на депортација“, додаде таа.
Москалкова истакна дека практиката покажува зголемена улога на омбудсманот „во такви ситуации“, и дека таа и нејзиниот колега се трудат да направат сѐ што е можно за да им помогнат на луѓето кои се во тешка животна ситуација.