На фармата Пустошкин во Ростовскиот регион се пронајдени 17 лица кои биле третирани како робови, поради што Истражниот комитет на Руската Федерација започнал обемна истрага.
Обвинетите се однесувале кон притворените како кон робови, принудувајќи ги да работат физичка работа на фармата, а регистрирани се и случаи на тепање и други форми на казнување во случај на „кршење на дисциплината“ или обиди за бегство.
„Неколку мажи, вклучувајќи и такви со несловенски изглед, сместиле 17 лица во домаќинството, вклучувајќи постари лица и луѓе што водат антисоцијален начин на живот“, се наведува во соопштението на Истражниот комитет на Русија.
Еден од притворените успеал да избега и да пријави во полиција што се случува на фармата Пустошкин. Избеганиот рекол дека луѓето не биле платени за својата работа.
Сепак, ова не е прв случај на создавање робовска работна сила од луѓе од различни националности на земјоделски фарми низ цела Русија.
Уште побизарен случај беше забележан пред пет месеци кога тројца руски државјани затворија девет лица како ропски работници, а подоцнежната истрага покажа дека жртвите биле држени од 2012 година.