Руското Министерство за правда поднесе барање до Врховниот суд да го прогласи ЛГБТ движењето како екстремистичко и да ги забрани неговите активности.
– Во рамките на својата јурисдикција, руското Министерство за правда поднесе административно-правно барање до Врховниот суд да го прогласи Меѓународното движење за правата на ЛГБТ лицата како екстремистичка организација и да ја забрани неговата активност во Русија, се наведува на веб-страницата на руското Министерство.
Министерството наведува дека властите идентификувале „знаци и манифестации од екстремистичка природа“ во „активностите на ЛГБТ движењето“ во Русија, вклучително и „поттикнување социјален и верски раздор“.
Врховниот суд на Русија закажа рочиште за разгледување на барањето за 30 ноември, соопшти Министерството.