Украина со беспилотни летала го нападна рускиот регион и градот Воронеж. Прогласена вонредна состојба.
Гувернерот Александар Гусев на својот канал Телеграм изјави дека во нападот е повредено девојче и добило лекарска помош, како и дека се оштетени повеќе од 30 станови во згради во градот Воронеж. Според прелиминарните податоци, оштетени се 35 стана во три десеткатници во улицата Тепличнаја“, напиша Гусев на Телеграм.
Според градоначалникот на Воронеж, Вадим Кстенин, како последица на нападот имало пожар и на балконот на една зграда, а искршени се прозорците на неколку станбени згради.
По нападот со дрон во таа област е прогласена вонредна состојба.
Voronezh is noisy!! pic.twitter.com/wOq7JBe37f
— Muzzleflash (@RcMuzzleflash) January 16, 2024
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле три украински беспилотни летала над југозападниот регион Воронеж, кој граничи со Украина.
Локалните жители пријавиле дека слушнале серија гласни звуци и виделе повеќе блесоци на небото над центарот на градот, како и во два градски области.
📽️🇷🇺 Residents of Voronezh have already counted more than 15 explosions. Locals find wreckage of drones in the city. pic.twitter.com/Hg4lQCaJIq
— Offensive Lynx (@OffensiveLynx) January 16, 2024
Би-би-си на руски објави дека одекнале „околу 10 експлозии“. Околу 4 часот по локално време жителите на Воронеж пријавиле нови експлозии.
Сè уште нема коментари од Украина. Во последниве месеци, Киев ги интензивираше своите воздушни напади врз руската воена инфраструктура за да ги поткопа воените напори на Москва.
Русија има воздухопловна база во близина на градот Воронеж, каде се наоѓаат бомбардери Сухој Су-34, јавуваат руските медиуми.
⚡️⚡️⚡️ Explosions at Voronezh, Russia 🇷🇺 airport.
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) January 16, 2024
Must be terrible when your neighbor bombs your airports, Putin?
Welcome to the jungle. pic.twitter.com/XXqvMezioe