– Русија денес соопшти дека ризикот од инциденти над Црно Море се зголемил поради активностите на дроновите на НАТО во регионот.
Почестите летови на беспилотните летала на НАТО покажуваат дека Западот сѐ повеќе се вклучува во конфликтот во Украина, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
„Ваквите летови ја зголемуваат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со авионите на Руските воздухопловни сили, што го зголемува ризикот од директна конфронтација меѓу Алијансата и Руската Федерација“, се наведува во соопштението.
Министерството соопшти дека доколку се случат вакви инциденти, одговорноста ќе ја имаат земјите од НАТО.
Русија започна војна против Украина во февруари 2022 година, пред повеќе од 28 месеци.
Неодамна ги интензивира предупредувањата кон западните сојузници на Украина за нивната поголема вклученост во конфликтот.