Веста која денеска ја објавија руските медиуми дека починал кралот Чарлс Трети, најпрво создаде своевидна конфузија, пишува The Guardian.
На почетокот никој немаше време да провери дали е вистина или да се занимава со детали, но на крајот се утврди дека изворот е од руските медиуми кои се занимаваат исклучиво со дезинформации, пренесува Телеграфи.
Гласината се прошири дури и на каналот Ведомости на Телеграм, кој некогаш се сметаше за почитуван весник во Русија.
‼️Сообщения о смерти Короля Великобритании Карла III – фейк! pic.twitter.com/e9dHgXInV6
— UKinRussia🇬🇧🇷🇺 (@ukinrussia) March 18, 2024
Има дури и слика на Чарлс во церемонија облечен во воена облека, а со натпис: „Кралот Чарлс III е мртов“.
Веста се рашири низ руските веб-страници и телевизија, вклучувајќи го и Readovka, про-Кремљ Телеграмски канал кој има над 2,3 претплатници.
Од друга страна, немаше никакво соопштение од Би-би-си или јавно соопштение од кралската палата.
🇬🇧 We would like to inform you that the news about the death of King Charles III is fake. pic.twitter.com/Ilg2GZn0mo
— UK in Ukraine 🇬🇧🇺🇦 (@UKinUkraine) March 18, 2024
Но, Редовка имала документ од непознато потекло што бил поставен покрај фотографијата на кралот.
„Кралот ненадејно почина вчера вечерта“, се вели во веста објавена денеска, а нема дополнителни информации.