Познатата руска актерка Јулија Пересилд лебди во Меѓународната вселенска станица (МВС) додека се обидува да му помогне и да оперира врвен астронаут, а сето тоа има поглед на планетата Земја. Ова е сцена од трејлерот за филмот „Предизвик“, првиот долгометражен филм снимен во вселената.
Со филмот Русија докажа дека го престигнал Холивуд и САД во вселенската трка, бидејќи во 2020 година Том Круз ги откри плановите за снимање филм во вселената со режисерот Даг Лиман. Тие требаше да отпатуваат до МВС за да снимаат игран филм во соработка со SpaceX на Илон Маск и НАСА. Сепак, се уште нема ни трага од тој филм.
Руски филм снимен на 400 километри над Земјата на МВС во 2021 година (т.е. пред инвазијата на Украина) ќе биде премиерно прикажан на 12. април. Ова го прави воедно и првиот филм во кој актерите и режисерот полетаа во вселената за снимање на филм.
Во филмот „Предизвик“, кардиохирург по име Жења патува како дел од медицински тим лекари за да го оперира астронаутот додека тој се онесвестува на вселенската станица. Астронаутот го игра вистинскиот астронаут односно Олег Новицки.
Со оваа улога, тие го престигнаа Круз и станаа држава со првата актерка во светот што снимала во вселената. Тие го снимаа филмот 12 дена, по што беа свечено пречекани од тимот на руската државна вселенска корпорација Роскосмос по нивното враќање на Земјата.
Пересилд, една од најпопуларните руски актерки која се појави во повеќе од 30 руски филмови, беше избрана за главна улога откако Роскосмос објави отворен повик за актери во ноември 2020 година. Покрај аудицијата, актерите мораа да поминат опсежни медицински, психолошки и физички тестови за да се осигура дека можат да се справат со патувањето во вселената. Беше организирана интензивна обука за Пересилд и Шипенко пред да одат на станицата.
Само неколку месеци по завршувањето на снимањето на МВС, Русија ја нападна Украина и подоцна, во јули 2022 година, ги објави плановите за напуштање на вселенската станица, со која управува во партнерство со НАСА.
Јуриј Борисов, новоименуваниот прв човек на руската вселенска агенција Роскосмос, за време на состанокот со претседателот Владимир Путин кажа дека Русија ќе ги исполни своите обврски кон своите партнери на МВС пред да го напушти проектот во 2024 година.
„Одлуката да се напушти станицата по 2024 година е донесена“, истакнал Борисов, на што Путин само одговорил: „Добро“.