Русија со протест до Германија, Данска и Шведска поради експлозиите на гасоводот „Северен тек“

 – Руското Министерство за надворешни работи денес поднесе протест до амбасадорите на Германија, Данска и Шведска поради отсуството на резултати од истрагата за експлозиите на гасоводите „Северен тек“.

„Амбасадорите беа повикани во Министерството и беше упатен силен протест во врска со неспособноста на властите на овие земји да обезбедат транспарентни истражни дејствија“, се вели во соопштението на Министерството.

„Избегнувањето на властите на Германија, Данска и Шведска на интеракција со руската страна во овој случај се оквалификува како неприфатливо“, нагласи Министерството, истакнувајќи дека барањата на рускиот премиер и дипломатските служби останале неодговорени.

Се нагласува дека Министерството не гледа никаков напор и интерес од страна на Германија, Данска и Шведска за утврдување на околностите на саботажата.

„Напротив, тие со своите постапки очигледно го одложуваат времето и се обидуваат да ги сокријат трагите и вистинските сторители на злосторството, зад кое, како што мислиме, стојат познати држави“, се додава.

Министерството, исто така, наведе дека властите на споменатите земји намерно објавуваат неверојатни верзии до медиумите за да ја заматат и комплицираат ситуацијата.

Се потенцира дека Русија ќе продолжи да бара објективна истрага од Германија, Данска и Шведска.