– Руските поморски сили денес започнаа еднодневна воена вежба за одбивање напади со беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Вежбата се одржува во рускиот град Новоросијск и се состои од две етапи, во кои војниците ќе се обучуваат да се спротивстават на воздушните и на водените беспилотни летала“, соопшти Министерството.
„Воената морнарица ќе спроведе и вежби за артилериско гаѓање од столбовите на Военото пристаниште“, се додава во соопштението.