– Министерството за одбрана на Русија вчера објави дека уништила украинскиот вселенски разузнавачки комплекс и систем за противвоздушна одбрана С-300.
„Ноќта на 8 март, во близина на Одеса уништен е вселенскиот и ради-разузнавачкиот комплекс Овидиопол-2. Во 2020 година експертите на НАТО добија пристап до објектот“, се вели во соопштението на руското министерство.
Во меѓувреме, системот за противвоздушна одбрана С-300 е погоден во регионот Доњецк со користење на повеќе воени средства, се наведува во соопштението.
„Авијација, беспилотни летала, ракети и артилериски единици на Вооружените сили на Руската Федерација уништија противвоздушна ракетен систем С-300 во регионот на Покровск“, соопшти руското министерство за одбрана.
Во соопштението се додава дека Сезар Ожар, „француски неонацист“, е убиен во борбите во близина на градот Авдивка.
Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.