– Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина се обидела да го нападне главниот град Москва со 3 беспилотни летала (дрона).
Во соопштението на Министерството се наведува дека „обидот на режимот во Киев да ја нападне Москва со 3 беспилотни летала е спречен од руските сили за противвоздушна одбрана“.
Во ова соопштение се вели дека две од леталата се уништени во воздушниот простор во Мојајски и Химки во Московскиот Регион.
„Третото беспилотно летало беше потиснато од беспилотни летала за електронска војна, при што изгуби контрола и удри во зграда во изградба во Москва“, се додава во соопштението.
Во соопштението се наведува дека во нападите нема жртви.