Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден изјави дека добил „гаранција“ од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека борбените авиони F-16 што ќе бидат испорачани во Киев нема да нападнат руска територија.
Џо Бајден им даде зелено светло на другите сојузнички земји да и снабдат на Украина борбени авиони од американско производство, кои Киев долго време ги бараше.
На новинарско прашање како може да биде сигурен дека дозволата од САД за европските земји да и дадат на Украина F-16 нема да ја ескалира војната, Џо Бајден одговорил дека Володимир Зеленски му дал „гаранција“ дека „F-16 нема да се користи за напад на географската руска територија“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин утрово им честиташе на паравоената група Вагнер и руските вооружени сили за заземањето на Бахмут, но Володимир Зеленски подоцна изјави дека градот не е под руска „окупација“.
Тој вели и дека Русија ќе ја „почуствува“ контраофанзивата на Украина и дека е уверен дека Киев ќе добие ловци F-16.