Руското Министерство за одбрана синоќа објави дека нивните трупи
освоиле уште две населени места како дел од офанзивата во источкна Украина.
Сепак, Киев не го потврди ова, иако врховниот командант на украинските сили изјави дека борбите се водат по должината на повеќе од 1.100 километри од фронтовската линија.
Во соопштението за медиумите од руското Министерство за одбрана се наведува дека руските сили го зазедоа селото Новоолександривка, кое се наоѓа во близина на Покровск – важен логистички центар што Москва безуспешно се обидува да го освои со месеци.
Исто така, се наведува дека
руските трупи ја презеле контролата врз градот Торске на североисток, во близина на градовите Славјанск и Краматорск, кои Русија ги таргетира како долгорочни стратешки цели.
Украинскиот Генералштаб, во својот доцноноќен извештај, ја спомена Новоолександривка како една од многуте населби под руски напад, но не го спомена Торске.
Популарниот воен блог „ДипСтејт“ објави дека руските сили се обиделе да го освојат Торске, но биле одбиени.