Властите на Сирија и Русија се уште не ги коментирале овие наводи
Руската воена полиција денеска го уапсила шефот на огранокот на паравоената група „Вагнер“ во Сувејда на југот на Сирија, како и тројца високи команданти во воздухопловната база Хмеимим, објави Комерсант, повикувајќи се на сириските медиуми.
Се додава дека дошла воената полицијаи во претставништвата на паравоената група во Дамаск, Хама и Даир ел Заур.
Властите на Сирија и Русија се уште не ги коментирале овие наводи.