Британската амбасада во Украина денеска беше принудена да издаде официјално соопштение во кое потврди дека кралот Чарлс Трети е жив, откако руските медиуми тврдеа дека тој починал, пишува Дејли Мејл.
Мноштво руски новински сајтови и сродни профили на социјалните мрежи објавија претходно денеска дека кралот починал на 75-годишна возраст од компликации од рак, повикувајќи се на неименувани „медиумски извори“ во необјаснива серија на објави, според Дејли мејл .
Сето тоа дојде откако на социјалните мрежи кружеше слика од очигледно лажна изјава од Бакингемската палата за „неочекуваната смрт“ на монархот.
„Кралот на Велика Британија Чарлс Трети почина на 75-годишна возраст, јавуваат медиумите. Нема информации за тоа на веб-страницата на кралското семејство, ниту во британските медиуми“, објави рускиот дневен весник Спутник, пренесе Британски весник.
Неколку минути подоцна објавите се ажурирани според сознанието дека кралот не умрел, како што пишува Дејли Меил.
Британската амбасада во Киев го соопшти следново: „Сакаме да ве информираме дека веста за смртта на кралот Чарлс III е лажна“.
Британскиот весник вели: „Неколку познати медиуми ја објавија лажната вест, но веднаш не беше јасно дали тие грешиле или директно стојат зад пропагандната машина на Владимир Путин. Болниот трик во кој беше вклучен монархот следеше по критиките во Британија и другите западни земји за изборната „победа“ на Владимир Путин на „наместените“ претседателски избори“.
Телеграмскиот профил на британската амбасада објави соопштение на руски за да нагласи дека таквите објави се лажни.
Медиумите кои ја пренесоа веста за „смртта“ на кралот се Редковка и Маш, кои исто така подоцна ги коригираа приказните.
Медиумската куќа „Маш“ напиша: „Почина британскиот крал Чарлс III, пренесува Бакингемската палата. Синот на Елизабета Втора седна на тронот пред неполна година – крунисувањето беше одржано на 6 мај 2023 година. Имаше 75 години“. Подоцна беше ажурирана: „Пораката се испостави дека е лажна. Да потсетиме дека пред неколку месеци му беше дијагностициран рак“.
Весникот подоцна го објави ова: „Лажните вести за смртта на Чарлс III брзо се проширија и исто толку брзо беа разоткриени. Кралот на Велика Британија е жив и си ја работи својата работа. Барем така вели Бакингемската палата“.
„Дејли мејл“ пишува дека во расправијата се вклучила и портпаролката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Марија Захарова, која објавила: „Лондон изгледа мизерно“.
Про-Кремљ онлајн-медиумите BAZA објавија: „Руските медиуми ја објавија смртта на британскиот крал Чарлс III, повикувајќи се на документ што наводно го објави Бакингемската палата. Се покажа дека скриншот од пораката за смртта на Чарлс III е лажна“.
Лажно известување од палатата се појави денеска на кое пишуваше: „Кралот неочекувано почина вчера попладне“.
Независна Медуза објави: „Бројни медиуми и телеграмски канали ја објавија смртта на британскиот крал Чарлс III повикувајќи се на лажна изјава од Бакингемската палата. Скринот на изјавата што стана извор на веста е донесена, конкретно, од BAZA Telegram канал. Оваа изјава ја нема на веб-страницата или социјалните профили на кралското семејство“.
Руската државна новинска агенција РИА Новости ги коригира своите претходни извештаи признавајќи дека сето тоа е засновано на „гласини“, наведувајќи: „Прес-службата на Бакингемската палата ги негираше гласините на РИА Новости за смртта на кралот Чарлс III. Тој продолжува да ги води своите службени и приватни работи За смртта на Чарлс се појави пред извесно време во многу руски извори. Основата за тоа беше одредена порака, чие авторство и се припишува на Бакингемската палата, која се покажа дека е лажна.
Државната новинска агенција ТАСС соопшти дека приказната е лажна.