Руски товарен авион што се користел за испорака на стоки меѓу Русија и Кина се запалил кога еден од неговите мотори експлодирал.
Авионот Ту-204 бил на пат кон Џангжу, Кина од аеродромот Бајкал во Улан-Уде, Русија кога се случил инцидентот, пренесува Телеграф.
Авионот наводно останал без гориво и принудно слетал со еден мотор, според Алексеј Цјденов, шеф на регионот Бурјатија.
Во авионот имало пет членови на екипажот, но никој не е повреден.
„Слушнав силна експлозија која доаѓа одозгора“, рекла жена која била сведок на инцидентот.
Снимката која ја објавија и медиумите го покажува моментот како лета додека не се запали.
Инцидентот наводно се случил во четвртокот.