Руските власти соопштија дека ловецот-бомбардер Су-25 денеска се урнал во Азовското Море кај градот Јејск, а пилотот успешно се катапултирал.
Тас пренесува соопштение од Оперативниот штаб на Краснодарската територија дека околу 15:00 часот добиле информација дека авионот се урнал во близина на брегот за време на вежбата и дека нема жртви или материјална штета.
– Пилотот беше извлечен од водата од спасувачите – се наведува во соопштението.
Итната помош изјавила дека тој бил реанимиран.
На местото на несреќата, Министерството за одбрана и специјалните служби ја утврдуваат причината за падот, а некои официјални лица наведуваат дека можна причина е дефект на моторот.
На социјалните мрежи се шират видеа од пилот на падобран кој се спушта во морето во близина на градска плажа.
Јејск на Азовското Море е недалеку од рускиот окупиран украински регион Доњецк.