Неколку вагони со нафта изгореа во четвртокот во близина на нафтената рафинерија во Омск на југозападот на Русија!
Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига од железничката станица.
Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Локалните извори тврдат дека за инцидентот е виновен „краток спој“, додека украинските медиуми неофицијално наведуваат дека пожарот е последица на саботажа.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Нафтените капацитети инаку се клучна цел на украинските беспилотни летала и саботажи. Русија неодамна беше принудена да го ограничи извозот, но и да увезува нафта од Белорусија како резултат на нападите врз нејзините капацитети.
Пожарот во Омск доаѓа само 48 часа откако украинските беспилотни летала камикази нападнаа неколку вредни руски складишта за нафта во координиран напад во три региони во вторникот вечерта. Мета била и фабрика за гориво во Смоленск, која се наоѓа недалеку од украинската граница. Погодена е и фабриката во Липецк, која произведува клучни делови за користени воени возила.