РУСКИ ДИПЛОМАТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ТУРЦИЈА – Последен пат бил виден како влегува во хотелска соба, а неговото тело го пронашла собарка

Николај Кобринец, директор на Одделот за паневропска соработка при Министерството за надворешни работи на Русија, ненадејно почина во Истанбул.

На 12. октомври 2023 година, на 62-годишна возраст, ненадејно почина директорот на Одделот за паневропска соработка и вонреден и ополномоштен амбасадор Николај Сергеевич Кобринец“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Министерството за надворешни работи на Русија не ја прецизираше причината за смртта на Николај Кобринец. Според информациите кои ги објави турската медиумска агенција NTV, дипломатот бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во Истанбул.

NTV јавува дека Николај Кобринец пристигнал во Турција за да учествува на состанокот на амбасадорите. Тој влегол во собата во четвртокот околу 14 часот, но никогаш не излегол.

Следниот ден колеги дипломати се обиделе телефонски да контактираат со него, откако тој не дошол на состанокот. Телото подоцна било откриено од персоналот на хотелот, по што било испратено на преглед во мртовечница. Според прелиминарните податоци на истражниот тим, кои ги пренесува NTV, дипломатот починал од срцев удар.

Ова не е единствената смрт на руски државни службеници во странство.

Тело на рускиот дипломат претходно беше пронајдено во германската амбасада во Берлин. Германските медиуми јавија дека дипломатот паднал од горниот кат на комплексот на амбасадите во Беренштрасе во берлинскиот кварт Мите.

Рускиот дипломат почина и во декември 2022 година во Индија. Еден од најбогатите државни службеници во Русија наводно паднал од третиот кат во хотел во Рајагада.

ИстанбулРусијасмртТурција