РУСКИ ДРОН ЈА ПОГОДИЛ РОМАНИЈА !? Откриен кратер на територијата на НАТО по последниот напад на Украина: “Проектил ја поминал реката Дунав“

Министерството за одбрана на Романија денес соопшти дека кратер направен од дронови е откриен во близина на границата со Украина по руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура.

Министерството за одбрана на Романија соопштило дека имало можна експлозија при удар и дека се преземени мерки за обезбедување на областа и дека романските сили ќе продолжат да го надгледуваат воздушниот простор, пренесува медиумската агенција Reuters.

Министерството за одбрана на Романија објави дека втор руски дрон удрил на нивна територија синоќа“, соопштија романските медиуми во објава на социјалните мрежи.

Посочувајќи дека Романија е членка на НАТО, медиумите наведуваат дека руски беспилотни летала гаѓале цели во украинскиот град Измаил, но дека едно беспилотно летало ја преминал реката Дунав и го погодил местото Плаура, населба во Романија во областа Тулка во општина Чаталкиој.

Министерството за одбрана најостро ги осудува нападите на Руската Федерација врз објекти и елементи на цивилната инфраструктура во украинските пристаништа на Дунав“, се вели во соопштението.

Набргу по повлекувањето од договорот за жито на 17. јули, Москва почна да ги гаѓа украинските пристаништа и магацини долж Дунав на границата со Романија. Романската Влада оттогаш пријави изолирани инциденти на делови од дронови кои паѓаат на романска територија.

војнадронДунавРоманијаРусијаУкраина