Руски воздушни напади беа извршени рано изутринава врз градовите Запорожје и Одеса во јужна Украина, при што беа погодени цивилни објекти и повредено е најмалку едно дете.
„Киев пост“ објави дека нападите биле извршени и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин го опиша „позитивниот“ телефонски разговор што го имал со американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела во врска со прекинот на огнот во Украина.
Иван Федоров, шеф на воената управа на регионот Запорожје, објави дека во истоимениот град „најмалку четири станбени згради, како и згради на територијата на задругата, се оштетени како резултат на непријателскиот напад“ –
– Според првичните извештаи, шест лица се ранети, меѓу кои и едно дете – изјави Федоров.
Украинското воено воздухопловство предупреди пред нападот дека би можело да има напад од руска пловна бомба на оваа јужна област.
На социјалните мрежи беше објавено дека непосредно пред полноќ биле снимени четири експлозии.
Спасувачките екипи cè уште трагаат по жртви.
Областа Запорожје е дом на најголемата нуклеарна централа во Европа, во градот Енерходар на левиот брег на реката Днепар, кој е под руска контрола.
Нападот се случи еден ден откако Трамп, по разговорите со Путин, имаше телефонски разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На онлајн брифинг со новинарите, Зеленски потоа изјави дека разговарал со Трамп за можноста Америка да помогне во обновата на нуклеарната централа Запорожје.
– Водовод, технички персонал и уште многу чекори за да се осигураме дека за година и пол до две и пол години оваа централа ќе почне да носи пари и струја за луѓето. Тоа е мојата визија“, рече Зеленски.
Белата куќа соопшти дека за време на телефонскиот разговор, Трамп му предложил на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во однос на управувањето со електраните и давање стручни совети“ и дека „американската сопственост на овие електрани ќе биде најдобра заштита“, без да прецизира за која електрана станува збор.
Доцна синоќа
цел на напад со руски дрон беше украинското пристаниште Одеса и околината.
Дронови погодија различни локации во градот и оштетија станбени згради, трговски центри, продавници и автомобили, а избувнаа и три големи пожари.