Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепељаев во интервју за рускиот портал „Вести“ го објасни просечниот профил на луѓе кои најчесто заболуваат од рак.
Тој се осврна на профилот на онколошките пациенти во самата Русија, но лесно е да се најдат сличности и со мнозинството пациенти во Србија. Шепељаев нагласи дека станува збор претежно луѓе над 50 години кои се под постојан стрес.
Според овој доктор, луѓето кои се постојано уморни, преоптоварени со работа и имаат сериозни финансиски проблеми, поради што не можат да си дозволат квалитетна здравствена заштита пред самата болест да се појави, најчесто заболуваат од рак.
„Типичен пациент со дијагноза на рак е лице, без разлика дали е машко или женско, над 50 години. Како по правило, станува збор за лице со малку разбушавена коса и заматени очи, преоптоварено со работа и со многу кредити или долгови. Нему му е потребна најевтината терапија, бидејќи нема друга опција. За жал, тоа често се луѓе кои едноставно се занемариле себеси“, беше јасен Шепаљев.
Овој онколог нè потсети дека ракот е имуно-зависна болест; кај некои луѓе може да се појави дури и пред 45-годишна возраст, а некој може да се разболи само по 80-тата година.