Тажна ноќ за украинскиот народ
Најмалку 14 лица се повредени во руските напади врз градови низ Украина во текот на ноќта , соопштија украинските власти.
Во Киев седум лица се повредени , меѓу кои и едно деветгодишно девојче , изјави градоначалникот Виталиј Кличко, додавајќи дека се оштетени и некои станбени и деловни објекти.
Најмалку две лица се повредени во шест руски напади врз областа Слобид во Харков, кога била оштетена и цивилна инфраструктура, изјави регионалниот началник Олег Сињегубов.
Пет лица се повредени, а најмалку едно лице е затрупано под урнатините во градот Черкаси , каде е оштетена зградата на социјалната инфраструктура, изјави началникот на областа Игор Табурец, пренесе АП.
Остатоци од ракети паднаа во центарот на Киев и оштетија нестанбени згради на исток, предизвикувајќи пожар, рече Кличко, пренесе Ројтерс.
Официјални и локални медиуми, исто така, објавија дека експлозиите се случиле во областа Хмелницки, Виниција, Лавов и Ивано-Франковска област.
Во градот Ривне во западна Украина во некои делови снемало струја, па се претпоставува дека во руските напади е оштетена енергетската инфраструктура.