Олех Кипер, гувернерот на украинската област Одеса, објави дека кинескиот конзулат во Одеса е оштетен во синоќешниот руски ракетен напад врз истоимениот пристанишен град на Црното Море.
Британски Гардијан пренесува дека Кипер ова го објави на Телеграм.
– Како резултат на рускиот напад во текот на ноќта, оштетена е зградата на Генералниот конзулат на НР Кина. Агресорот намерно ја гаѓа пристанишната инфраструктура. Оштетени се административни и станбени згради, како и конзулатот на Народна Република Кина. Тоа укажува дека непријателот не обрнува внимание на ништо – изјави Кипер.